Жални вести од Полска: Руска ракометарка се удави во езеро!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трагична вест ја потресе светската јавност, откако денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека руската ракометарка Екатерина Королева се удавила во едно езеро во близина на ракометните терени.

Во Полска се одржува ракометното европско првенство (ЕП) на плажа, но на самиот крај на натпреварувањето се случи трагедијата, откако 20-годишната ракометарка го загуби животот синоќа. Таа заминала на пливање, но нејзиниот обид да се опушти заврши трагично.

Руската ракометарка беше дел од репрезентација на ЕП, на кое руската селекција го освои деветтото место.

Од ЕХФ испратија сочуство до семејството на настраданата, како и до руската јавност, но и до нејзините сонароднички, со кои храбро се бореше за освојување на деветтото место.