Спектакл на повидок: Фјури откри кога ќе се одржи реваншот против Вајлдер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тајсон Фјури одговараше на прашања на фановите, а таму откри дека договорил реванш против американскиот боксер Деонтај Вајлдер.

Двајцата боксери имаа фантастична борба минтата година, која заврши нерешено, а Фјури смета дека требало тој да победи, додека Вајлдер верува во спротивното.

Во меѓувреме, двајцата запишаа лесни победи. Фјури во втора рунда го нокаутираше Том Шварц, додека Вајлдер го „скрши“ Доминик.

„Реваншот е потврден и потпишан на 22 февруари 2020 година. тогаш ќе го нокаутирам. Сега сум активен и немам проблеми со алкохолот како што беше тоа претходно“, кажал Фјури.