Кошаркар на Црвена Звезда се бори за живот по тешка сообраќајка (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот репрезентативец и кошаркар на Црвена Звезда, Огњен Кузмиќ е тешко повреден во сообраќајка, која се случи на пат од Бања Лука кон Приедор.

Кузмиќ е повреден по судир на Порше и БМВ, а тој се наоѓал во Поршето во моментот на судирот. По несреќата, српскиот кошаркар бил сместен во болница, а претходно бил на свадба во Приедор.

Портпаролот на полцијата на Бања Лука, Маријан Маркановиќ кажала дека е извршен увид и дека ќе се преземат потребните мерки за утврдување на сите детали од сообраќајката.

„Освен Кузмиќ тешко е повреден и неговиот пријател Богдан Илиќ, кој исто така бил во Поршето. Во БВМ биле Марко Мијатовиќ од Приедор и Дражњен Јањанин и тие заработиле полесни повреди“, велат српски извори.