Хас смета: Федерер може да продолжи во ваков ритам и по 2020 година!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Освојувачот на 20 гренслем-трофеи, Роџер Федерер продолжува со одличните настапи, а многумина сметаат дека би можел да се повлече по Олимписките игри во 2020 година.

Сепак, поранешниот германски тенисер Томи Хас верува дека Швајцарецот би можел да изненади многумина и да продолжи професионално да се занимава со тенис.

„Во овие услови тој може да игра уште две години. Сепак, за такви напори и толку долга кариера е потребна и среќа. Нашите тела никогаш не се исти, а еден од условите е да не се соочувате со повреди. Сепак, Федерер на почетокот на кариерата ја разбра важноста на одморот“, вели Хас.

Хас во кариерата освои 15 титули во сингл, а четири пати играше во полуфинале на гренслем-турнир – трипати во Австралија и еднаш на Вимблдон.