Готово е: Баерн го обезбеди потписот на хрватскиот репрезентативец


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите во Италија и Германија пренесуваат дека Баерн Минхен и Интер постигнале конечен договор околу трансферот на Иван Перишиќ.

Крилниот фудбалер треба да се пресели во Минхен на едногодишна позајмица, а потоа Баерн целосно ќе може да го откупи неговиот договор за 20 милиони евра.

Хрватот веќе се наоѓа во Минхен каде треба да ги комплетира неопходните медицински прегледи пред и официјално да потпише договор со баварскиот гигант.