Навивач го повреди Адриан, Клоп остана без голман за утрешниот натпревар со Саутемптон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


При прославата по победата против Челси, еден од фановите од Турција влета во теренот и со лизгачки старт го повреди голманот на Ливерпул, Адриан.

Шпанскиот голман пред десет дена пристигна на „Енфилд“ и веднаш доби шанса за настап затоа што Алисон се повреди уште во првото полувреме од натпреварот против Норвич во рамките од првото коло од Премиер лигата.

Сега, Клоп се соочува со големи проблеми затоа што и младите голмани на тимот се повредени, па утре меѓу стативите би можел да биде Енди Лонгеран, 35 годишен голман кој едвај има собрано 20 настапи во последните неколку години во кои играше во пониските лиги во Англија.