Договор на повидок: Санчез заминува од Манчестер јунајтед!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алексис Санчез се договори со Интер, ако може да се верува на „Скај Спорт Италија“, а неговиот агент веќе заминал на преговори во Манчестер.

Санчез не е среќен што не игра во Манчестер и сака да ја промени средината, а сега е блиску до враќање во Италија, кадешто во минатото настапуваше како фудбалер на Удинезе.

Експертот за трансфер Џанлука Ди Марцио тврди дека Санчез се договорил со Интер и прифатил помала плата само за да може да избега од „Олд Трафорд“.

Најмногу се шпекулира за позајмица до крајот на сезоната со можност за откуп на крајот на сезоната.

Санчез во Серија А настапуваше од 2007 до 2011 година, а потоа играше во Барселона, Арсенал и на крајот во Јунајтед.