Големо враќање на Русинката: Кузњецова ја „тресна“ Барти за финале во Синсинати


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Руската тенисерка Светлана Кузњацова се пласираше во финалето на турнирот во Синсинати, откако ја победи Ешли Барти со 6-2 и 6-4.

Поранешната гренслем-шампионка во моментов е 153 тенисерка во светот и за турнирот во Синсинати доби специјална покана, која и тоа како ја оправда.

Покрај Барти, таа на патот до финалето победи уште две тенисерки од топ-10, а тоа се Слоун Стивенс и Каролина Плишкова.

Барти подобро го почна натпреварот и поведе со 2-0, но потоа Кузњецова направи пресврт и стигна до триумфот по само 68 минути игра.

Русинката за трофејот во Синсинати ќе се бори против Медисон Киз, која беше подобра од Софија Кенин со 2-0 во сетови.