Ново големо засилување за РК Вардар, рускиот репрезентативец се врати во старото јато


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Вардар за новата сезона ќе биде посиле за „старо-новиот“ ракометар, Глеб Калараш кој денеска се очекува да пристигне во Скопје, а утре да потпише нов договор со вардарци.

Калараш уште пред Ф4 турнирот во Келн се согласи на заминување од Вардар и потпиша договор со Мотор Запорожје, но откако нашиот клуб повторно го побара во тимот, тој се одлучи да го раскине договорот со Мотор и дасе врати во „црвено црното“ семејство.

Калараш со Вардар ќе потпише договор на една година со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона.

Рускиот пивот ќе биде еден од четворицата ракометари кои Писонеро ќе ги има на линијата од шест. Освен Калараш во тимот го има и Стоилов, Сикошек Пелко и Горпишин.