Трката за Големата награда на Шпанија останува во календарот на Ф1


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Организаторте на трката во Шпанија потврдија дека патеката во Каталонија ќе биде во календарот на Формула 1 и следната сезона.

Во послените три години на трките беа присутни повеќе од половина милион гледачи, а годинава заработката изнесуваше 163 милиони евра.

Следниот чекор е потпис на долгогодишен договор, а преговорите ќе се одржат во следните месеци.

„Одлуката е трката да се одржува и понатаму во Шпанија, земја со голема автомобилистичка традиција. Во наредните месеци ќе преговараме за долго партнерство“, велат организаторите.

Како што стојат работите, за следната сезона неизвесни се трките за Големата награда на Италија и Германија, зашто уште не се потпишани нови договори.