Мициќ ја донесе најтешката одлука: Останува со репрезентацијата на Србија во Кина и покрај смртта на неговата мајка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентативецот на Србија, Василије Митиќ ќе остане со репрезентацијата на Светското првенство во Кина и покрај тоа што неговото семејство го потресе трагедија по смртта на неговата мајка.

Веста дека Мициќ ќе остане во Кина ја соопшти селекторот на „Орлите“, Александар Ѓорѓевиќ.

„Мојата прва мисла оди кон Васа Мициќ и неговото семејство. Упатувам сочувство. Не му е лесно, не му беше лесно цело ова време, од почетокот на подготовките. Поминуваше низ тежок период и секоја чест што е овде. Тоа што останува е голема работа.  Сите сме со него, посебно соиграчите кои се обидуваат да му дадат поддршка. Тоа е едноставно работа која се случи. Не знам што друго да кажам, него сигурно му е многу тешко, но покажа големина, храброст. Секоја му чест“ –истакна Ѓорѓевиќ.