Докторка донесе лоши вести на фамилијата на Шумахер: Им даваат лажна надеж на фамилијата

Легендарниот Михаел Шумахер неодамна беше хоспитализиран во болница во Париз на тајно лекување.

Славниот возач на Формула 1 веќе шест години е на лечење по тешката повреда на главата во 2013. година и од тогаш се нема појавено во јавноста.

Има премалку информации околу неговата здраствена состојба. Реткост е да се слушне нешто за него, а во претходните денови неочекувано како бомба се појави информација дека Шумахер е префрлен во Париз на лечење на матичните ќелии.

Сепак, лошите вести за сите навивачи на славниот германски возач ги истакна Матилда Леонарди, една од водечките италијански стручњаци во тоа подрачје.

Таа истакнува дека терапијата нема да има позитивно влијание врз пациентите како што е Михаел.

„Не постои терапија на матичните ќелии која би имала позитивно влијание на пациентите кои се во состојба на минимална свест како што е Шумахер.

Информациите кои доаѓаат во јавност даваат само лажна надеж и ја залажуваат фамилијата на пациентот. Нема податоци кои го потврдуваат постоењето и дејството на тој наводен третман, ниту трагови од протоколи и експерименти на пациенти кои се во состојба на минимална свест“, истакна Леонарди и додаде:

„Се имам среќавано со луѓе кои си ги продавале своите куќи за да можат да си дозволат таков третман. Сега кружат многу дезинформации и вести околу Шумахер кои ги залажуваат пациентите и членовите на нивните семејства“, заклучила докторката Леонарди.