Адесања е новиот УФЦ-шампион во средна категорија! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Израел Адесања стана новиот УФЦ-шампион во средна категорија, откако го нокаутираше Роберт Витејкер на средината на втората рунда, по одличните контра-удари со рака.

Адесања, кој има нигериско потекло, можеше да го реши Австралиецот и многу порано, но крајот на рундата го спречи во неговата намера.

Искусниот борец претходно го имаше појасот за привремен шампион, а сега ја доби титулата во средна категорија, против човек кој имаше исто така привреемн појас.

„Напаѓаше како што очекував. Имав многу планови за него, од А до Ш. Ова е неверојатно, а зборуваа дека немам сила за нокаут“, се пошегува Адесања.

Адесања сега е подготовен да се бори со Бразилецот Пауло Коста, кој исто така нема пораз во средна категорија.