Павлов со историски успех: Македонецот ја освои Премиерлига!

Македонскиот каратист Емил Павлов повторно ја израдува македонската јавност, откако запиша историски успех со освојување на силната Премиерлига во карате во Москва.

Павлов беше фантастичен на турнирот во Москва, кадешто запиша дури пет победи, а притоа успеа да слави против два светски шампиони.

Македонскиот претставник денеска славеше со 3-1 против турскиот каратист Ерај Самдан во финалето на Премиерлигата во Москва.

Резултатите од турнирот се бодуваат за настап на Летните Олимписки игри во Токио, кои ќе се одржат следната година.