Енди Мареј збесна на Фоњини: Замолчи, постојано го правиш тоа (Видео)

Фабио Фоњини се пласира во третото коло на Мастерс турнирот во Шангај откако со 2:1 по сетови (7:6, 2:6, 7:6) го совлада Енди Мареј.

Во третиот сет шкотскиот тенисер два пати сервираше за победа, меѓутоа не успеа да го совлада италијанскиот тенисер.

Мечот го обележа и инцидент во финишот на третиот сет во кој Британецот меѓу останатото му кажа на Фоњини да замолчи.