Леклерк една од најтешките кривини во Формула 1 ја помина со една рака


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Викендот во Јапонија за Чарлс Леклерк не беше таков како што го замислуваше возачот на Ферари.

Леклерк лошо стартуваше, а поради сударот со Макс Верстапен и одолговлекувањата со заминувањето во боксот казнет беше на 15 секунди и трката ја заврши на 7. место.

И покрај тоа што имаше трка за заборав, талентираниот возач на своите фанови успеа да им приреди спектакл.

Имено, митската кривина 130Р на стазата Сузука, Леклерк ја помина со една рака на воланот додека со другата си го местеше ретровизорот.