Надал ја „топи“ предноста на Ѓоковиќ на АТП-листата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првото место на Новак Ѓоковиќ на АТП-листата е загрозено од Рафаел Надал, кој сега има негатива од само 320 бодови. Како што изгледа во моментов, Србинот ќе го загуби првото место во следните недели.

Испаѓањето во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај го чинеше Ѓоковиќ дури 820 бодови, а Шпанецот најверојатно ќе го престигне на Завршниот турнир во Лондон.

Ѓоковиќ е првопласиран со 9.545 бода, Надал е втор со 320 бода помалку, додека третопласиран е Роџер Федерер со 6.950 бодови.

По освојувањето на Мастерсот во Шангај, Данил Медведев е четврти, а во топ-10 се уште и Доминик Тим, Александар Зверев, Стефанос Циципас, Кеи Нишикори и Карен Хачанов.