Интер до важен триумф против „милионерите“, Наполи со Елмас со три бода се враќаат од Салцбург

Интер запиша важни три бода на домашен терен против Борусија Дортмунд (2-0), додека Наполи на Елиф Елмас славеше во Салцбург со 3-2.

Интер одигра одличен меч во Милано против Борусија Дортмунд, па славеше со 2-0, откако првиот погодок го постигна Лаутаро Мартинез, а во финишот од мечот Кандрева го постави конечниот резултат.

Првиот погодок за Наполи го постигна Мертенс, а Халанд израмни на 1-1. Потоа следуваше реприза, откако Мертенс погоди за 2-1, а Халанд за 2-2.

Сепак, гостите во 73. минута преку Инсиње стигнаа до конечните 3-2.

На останатите натпревари Бенфика го совлада Лион (2-1), Ливерпул го прегази Генк со 4-1, Лил одигра 1-1 со Валенсија, а Барселона славеше во Прага против Славија со 2-1.