Леброн и Дејвис му донесоа прв триумф на Лејкерс, Дончиќ запиша трипл-дабл (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата ноќ беа одиграни неколку интересни натпревари во НБА-лигата, а треба да се спомене дека Лос Анџелес лејкерс предводени од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис запишаа триумф против Јута џез од 95-86.

Во првата четвртина двете екипи играа израмнето, а Лејкерс во финишот успеа да направи малку поголема предност.

Гостите резултатски се вратија на крајот на втората и почетокот на третата четвртина, но Лејкерс токму во финишот успеаа да го решат мечот во своја корист.

На почетокот на последната четвртина предноста на Лејкерс достигна +22 и тогаш беше јасно дека екипата на Леброн ќе запише прв триумф сезонава.

Џејмс го предводеше својот тим со 32 поени, 10 асистенции и седум скокови, а Дејвис постигна 21 поен и седум скокови.


Синоќа беше одличен и Лука Дончиќ, кој постигна трипл-дабл, поточно 25 поени, 10 скокови и 10 асистенции, па му донесе триумф на Далас против Њу Орлеанс со 123-116.

Останати резултати:

Бостон – Торонто 112-106
Шарлот – Минесота 99-121
Бруклин – Њујорк 113-109
Мемфис – Чикаго 102-110
Денвер – Феникс 108-107
Сакраменто – Портланд 112-122