Ѓоковиќ: Ова ми се нема случено досега


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер, број еден во светот Нован Ѓоковиќ се пласираше во осмина-финалето од УС Опен, после дуелот со Јужни кој му го предаде.

Јужни се предаде после 35 минути игра. Втор противник го предаде дуелот против Новак во три дена, по повод на оваа ситуација се огласи и Новак.

„Ова ми се нема случено досега во кариерата. Знаев дека Јужни е повреден, ми го рече тоа пред дуелот, но мислев ќе издржи. Тој е сјаен човек, му посакувам брзо закрепнување“ – вели најдобриот тенисер на светот моментално.