Надал замина во Лондон, но дали ќе настапи на завршниот турнир?

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе замине во Лондон на завршниот турнир, но неговиот настап на турнирот не е сигурен.

Надал пред неколку дена го предаде мечот од полуфиналето на Мастерсот во Париз на Денис Шаповалов, поради истегнати мускули, а уште не се рехабилитираше од повреда.

Како што пишуваат странските медиуми, тој ќе тренира во четврток и петок со акцент на сервисот, а неговиот им се надева дека ќе може да заигра на турнирот.

Доколку тоа не се случи, тогаш на негово место ќе настапи деветтиот тенисер во светот, Роберто Баутиста Агут.

Да потсетиме, завршниот турнир во Лондон ќе се игра од 10 до 17 ноември.