Борнмут и Ливерпул преговараат за неочекувана трансфер зделка во јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според неколку англиски медиуми, Ливерпул и Борнмут во моментов преговараат за неочекувана трансфер зделка која треба да се случи во јануари.

Имено од Борнмут се подготвени да го жртвуваат еден од своите најдобри фудбалери, Рајан Фрејзер за да го наговорат тимот на Ливерпул да им го остави Хари Вилсон на перманентна основа.

Младиот Вилсон во моментов игра на „Виталити“ но како позајмен фудбалер, па Еди Хау сака целосно да се откупи неговиот договор.

Инаку Рајан Фрејзер игра на крилната позиција и има уште само половина година од актуелниот договор со Борнмут, па затоа од клубот се надеваат дека Ливерпул ќе ја прифати нивната понуда за трампа.