Богдановиќ ја излуде одбраната на Лејкерс: Србинот го испрати Џејмс „по бурек“ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс славеше со 97-95 против Сакраменто Кингс, а најдобар на мечот беше Леброн Џејмс со 29 поени и 11 асистенции, но и Богдан Богдановиќ е за пофалба, зашто постигна 18 поени, пет асистенции и направи неколку добри потези.

Србинот го излуде неговиот чувар Алекс Каруз, а исто така во еден момент успеа да го испрати Леброн по „бурек“, сепак тоа не беше доволно за неговиот тим да стигне до триумф.

Алекс Карузо не беше дораснат за задачата да го чува Богдановиќ, па не можеше да ги запре неговите напади и шутеви, сепак вистинска штета е тоа што Србинот не успеа да прослави на крај со победа за неговата екипа, иако тој играше одлично.