Иванишевиќ добива нова работа, Ѓоковиќ ќе остане без тренер?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Горан Иванишевиќ наскоро би можел да ја прекине соработката со Новак Ѓоковиќ. Хрватските медиуми објавија дека тој е главен кандидат да стане селектор на хрватската тениска репрезентација.

Тенискиот сојуз на Хрватска тргна во потрага по нов тренер, откако си замина Франко Шкугор, а Ѓоковиќнема ништо против доколку Иванишевиќ реши да направи таков потег.

„Секако дека е убаво да се слушне таква информација. Немам ништо против и природно е Горан да биде селектор на Хрватска. Искрено, ова е првпат да слушнам за таа можност, но Горан ја има мојата поддршка“, вели Ѓоковиќ.

Не е познато дали Иванишевиќ ќе го напушти тимот на Ѓоковиќ во случај да стане селектор на Хрватска, но постои таква можност.