Црвена Звезда во финишот испушти европска пролет, одличен натпревар во Минхен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Црвена Звезда претрпе пораз на гостивањето во Пиреја кај Олимпијакос со 1:0 и со тоа испушти шанса да презими во Европа.

Тимот од Белград имаше голема шанса со реми да обезбеди пласман во елиминационата фаза од Лига Европа, меѓутоа прими гол во 87. минута и тоа од белата точка.

Егзекутор на пеналто беше Ел Араби кој донесе голема радост во Пиреја. За работите да бидат уште полоши за Црвена Звезда, клубот од Белград не реализира пенал во 43. минута.

Баерн Минхен и Тотенхем одиграа одличен натпревар во Минхен во кој славеше домашниот тим со 3:1. Стрелци на головите за „баварците“ беа  Коман, Милер и Кутињо, додека голот за Тотенхем го постигна Рајан Сесењон.

Резултати:

Атлетико Мадрид- Локомотив Москва 2:0

Баер Леверкузен- Јувентус 0:2

Баерн –Тотенхем 3:1

Клуб Бриж- Реал Мадрид 1:3

Олимпијакос- Црвена Звезда 1:0

ПСЖ- Галатасарај 5:0