Ништо ново: Баерн Минхен се засилува со ѕвезда на Борусија Дортмунд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен повторно планира да се засилува со ѕвезда на Борусија Дортмунд, а нивна желба овој пат е Џејдон Санчо, за кој интерес покажаа и Челси и Манчестер јунајтед.

Германските медиуми денеска објавија дека во трката за неговиот потпис се вклучиле и Баварците, а познато е дека Баерн често ги ангажира најдобрите фудбалери во лигата.

Баерн има финансиска моќ за да го добие Санчо, но секако ќе мора да го убедат и фудбалерот да потпише за нив, покрај примамливите понуди кои пристигнуваат од Англија.

На пролет се очекува интересно продолжение од германската Бундеслига, зашто Лајпциг на паузата замина со 37 бодови, додека Борусија Менхенгалдбах има 35, Баерн е третопласиран со 33, а Дортмунд има три бода помалку.