Марјановиќ со одлична тројка на крена цела сала на нозе (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ е најголема ѕвезда во Далас маверикс, но голема популарност има и неверојатниот центар од Србија, Бобан Марјановиќ.

Минатата ноќ Боби одигра одличен натпревар во победата против Филаделфија и постигна 12 поени за осум минути на паркетот, а од тие 12 поени погоди и една тројка.

Марјановиќ остана на шутот за три поени и без дилема шутираше, а цела сала скокна на нозе кога виде дека топката влезе во кошот.