Леброн Џејмс посилен од Харден и Вестбрук, Антетокумпо го урна Бруклин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бруклин минатата ноќ го пречека Милвоки бакс, кој без проблеми повторно победија со 117-97, а Антетокумпо беше незапирлив запротивниците и постигна 29 поени и 12 скокови.

Бостон загуби од Феникс со 119-123, а најдобар беше Девин Букер кој постигна 39 поени и 10 скокови, додека кај Селтикс најдобар беше Бостон Смарт со 37 поени.

Во дербито на вечерта Лос Анџелес Лејкерс триумфираа со 124-115 против Хјустон рокетс, а Леброн Џејмс постигна 31 поен и 12 скокови, додека на спротивната страна Вестбрук постигна 35 поени, а Харден 34 поени.

Останати резултати:

Атланта – Детроит 103-136
Њујорк – Филаделфија 87-90
Чикаго – Кливленд 118-116
Минесота – Торонто 112-122
Голден Стејт – Орландо 109-85
Јута – Сакраменто 123-101