Познати петорките од Ол Стар натпреварот: Тимот на Џејмс изгледа застрашувачки


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот Ол-стар ќе се одржи во Чикаго на 16 февруари, а капитени на Западот и Истокот ќе бидат Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо.

Двајцата добија најмногу гласови повторно, како и минатата година. За Џејмс ова ќе биде 16. настап на Ол стар и со тоа се изедначи со Кевин Гарнет и Тим Данкан.

Покрај Џејмс во петорката на Западната конференција тука се и Лука Дончиќ од Далас, Џејмс Харден од Хјустон, Кавај Ленард од ЛА Клиперс и Ентони Дејвис од ЛА Лејкерс.

Источната петорка ја претставуваат: Трае Јанг (Атланта), Кемба Вокер (Бостон), Антетокуммпо (Милвоки), Паскал Сијакам (Торонто) и Џоел Ембиид (Филаделфија).

НБА лигата ќе ги објави уште седумте резерви од Истокот и Западот следната, по што капитените ќе ги изберат своите тимови.

За Дончиќ, Јанг и Сијакам, ова е прв натпревар Ол-стар, а младиот Словенец е втор по број на гласови, веднаш зад Џејмс.