Интер не се откажува и ќе испрати нова понуда за напаѓач од Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Интер не планираат да се откажат од намерата да го ангажираат Оливие Жиру во зимскиот преоден рок.

Откако отпадна можноста да се ангажира Фернандо Љоренте на позајмица од Наполи од Интер повторно го активираа интересот за напаѓачот на Челси.

Во очекување на медицинските прегледи на Кристијан Ериксен, Конте ќе се обиде да го донесе и ОливиеЖиру и ако се комплетираат овие два трансфери тоа ќе значи дека Интер ќе ја игра сезонава на „премиерлигашки погон“.

Претходно во Интер од Премиер лигата пристигнаа Ромелу Лукаку, Алексис Санчез, Ешли Јанг и Виктор Мозес.