Поранешен пилот на Коби: Нема шанси хеликоптерот да имал проблеми!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Коби Брајант почина во пад на хеликоптер во Калифорнија, а заедно со него починаа уште осум лица. Како причина за трагедијата се зема густата магла, поради која била приземјени сите полициски хеликоптери, но и покрај тоа кошаркарот и останатите решиле да летаат и да преземат ризик, кој на крајот скапо ги чинел.

Поранешен пилот на Коби, кој летал со хеликоптерот „Сикорски С-76Б“ тврди дека леталото немало никаков механички дефект и дека тоа сигурно не е причина за падот.

„Хеликоптерот има неверојатни услови. Шанса да има проблем е невозможна. Единствена причина за падот би можеле да бидат лошите временски услови“, вели Курт Деец, пилот кој претходно работел во компанијата.