Динвиди погоди во последните секунди за победа на Бруклин кај Индијана (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Бруклин Нетс славеа синоќа со Индијана Пејсерс со 106:105.

Бруклин и Индијана одиграа одличен натпревар, а победникот го добивме во последните секунди од натпреварот. Херој на овој натпревар беше Спенсер Динвиди кој погоди шут на неколку секунди пред крајот за конечни 106:105.

Од самиот почеток, екипите наизменично водеа, а по првата четвртина Нетс водеа со 30:28. Истото продолжи и во втората четвртина и резултатот на полувремето беше 51:48 за Нетс.

Во продолжението на натпреварот Индијана успеа да поведе против Нетс, кои не дозволија домашната екипа да го прекрши натпреварот. Бруклин се држеше одлично до самиот крај, а на пет секунди пред сирената Индијана имаше предност од 105:104.

Потоа топката ја зема Динвиди, кој фантастично погоди за 106:105, носејќи му на својот тим нова победа оваа сезона. Динвиди постигна 21 поен, 11 скокови и шест асистенции.