Зион ги растури Трејл Блејзерс, Харден и Вестбрук ги средија Селтикс (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синоќа се одиграа пет НБА натпревари, и видовме навистина одлични настапи на најголемите sвезди во најсилната лига на светот.

Првиот избор на драфтот, Зион Вилијамсон го одигра најдобриот натпревар. Њу Орлеанс Пеликанс лесно го совладаа Портланд Трејл Блејзерс 138:117, а Зион беше едноставно незапирлив за гостите.

На крајот, фантастичниот крилен играч постигна 31 поен (10/17) за само 28 минути на паркетот, фаќајќи девет скока и пет асистенции.

Во Трејл Блејзерс се издвојуваат со Демијан Лилард и Сиџеј МекКолум со по 20 поени.

Филаделфија 76ерс го совладаа ЛА Клиперс со резултат 110:103.

Во едното дерби на вечерта, Фила на крајот победи, предводена од Џоел Ембид со 26 поени и Бен Симонс со трипл-дабл (26п, 12 скокови, 10 асистенции). Кај Клиперси, Кавај Ленард постигна 30 поени.

Хјустон, предводени од Џејмс Харден и Расел Вестбрук, го совладаа Бостон Селтикс со 116:105. Харден го заврши мечот со 42 поени, Вестбрук имаше 36 со 10 скокови и Гордон Хејворд постигна 20 на другата страна.

Во другите натпревари, Вашингтон го совладаа Чикаго Булс со 126:114, додека Сан Антонио го доби гостувањето кај Оклахома со 114: 106.