Мане во улога на златен џокер донесе нова победа за Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Ливерпул го продолжува победничкиот марш во Премиер лигата откако денеска славеа на гостувањето на „Викариџ Роуд“ кај Норвич.

„Црвените“ беа доминантни на теренот, но долго се мачеа  да го пронајдат патот до мрежата на Тим Крул.

Садио Мане овој натпревар го почна од клупата за резервни фудбалери, а кога виде дека не оди, Клоп го внесе во игра во 60. минута.

Сенегалецот во 78. минута го пронајде патот до мрежата на Тим Крул и со тоа го продолжи победничкиот пат на Ливерпул во Премиер лигата.