Вернер одговори на поврзувањата со Ливерпул: Знам дека Ливерпул…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Ред Бул Лајпциг, Тимо Вернер долго време се поврзува со трансфер во редовите на Ливерпул.

Голема е веројатноста одличниот фудбалер да ја продолжи кариерата во веројатно новиот англиски шампион, а сега по вчерашниот натпревар против Тотенхем даде и изјава за можниот трансфер на лето.

„Знам дека Ливерпул е најдобриот тим во моментов. Кога се поврзувате со таков тим мора да сте горди. Задоволството е големо, но знам дека Ливерпул има многу добри играчи и дека јас мора да се подобрам за да стигнам на нивото за да играм таму“ –изјави Вернер.