Кизиќ брани како луд, Вардар има негатива од еден гол против Порто


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар одигра солидно прво полувреме, па на паузата замина со еден гол негатива (10-11) од Порто во Лигата на шампиони, иако неколку пати имаше водство во првите 30 минути.

Марко Кизиќ застана меѓу стативите на „црвено-црните“ и брани одлично во првото полувреме. Вардар имаше водство од 3-1, по што Порто успеа да направи пресврт и да поведе со 5-3.

Вардар полека почна да го губи темпото, па Порто избега и на три гола разлика, по што „црвено-црните“ го засилија притисокот и на полувреме намалија на еден гол негатива (10-11).

Останува уште второто полувреме од мечот во Португалија, по што ќе бидат познати многу работи за Вардар и противникот во осминафиналето.