Серена во полуфиналето на УС Опен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каролина Возниацки (Данска) против Анџелика Кербер (Германија) тоа беше полуфиналето кое го знаевме во пресрет на дуелот кој следеше.

Чехинката Плишкова ја надигра Ана Конјух од Хрватска која моментално е на позиција 91 кога е ВТА листата во прашање. Меѓутоа, Ана на УС Опен покажа дека може многу.

Плишкова која е 11та на ВТА листата го чекаше името на ривалот во полуфиналето. Само тие кои се баш љубители на сензации и коцкање веруваа дека тоа нема да биде Серена Вилијамс.

Меѓутоа, Серена имаше доста проблеми во дуелот со Симона Халеп од Романија.

Веќе со години број 1 во светот на женскиот тенис, Серена го доби првиот сет со 6:1. В отекот на тој момент делуваше дека дилемите околу победникот нема да има. Но со фанатизам борбената Хелеп успеа да го добие вториот сет со 6:4.

Дали е на повидок изненадување? Дали после Мареј и Серена ќе остане без шанса да се бори за титула? Сепак не! После речиси три часа игра, со голема поддршка од трибините, Серена стигна до победа.

Серена додаде гас во третито сет. Првиот сет беше онаков каков што сакаа навивачите на една од најдобрите тенисерки на планетата.

Халеп се бореше, ноп против Серена, во случај кога играа онака како што знае и може, помош нема. Серена на радост на навивачите во Њујорк многу брзо побегна на 4:1 и беше јасно дека оди кон полуфиналето.

На крајот Серена Вилијамс со 2:1 славеше над Симона Халеп по сетови 6:2, 4:6, 6:2.

Со оваа победа Серена го сочува местото број 1 на ВТА листата. Ако во некој случај загубеше од Симона Халеп, Анџелика Кербер ќе станеше број 1 без оглед на епилогот од останатите дуели до крајот на УС Опен, но, Серена тоа не го дозволи.