Официјално: Марија Шарапова ја заврши кариерата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Петкратната освојувачка на гренслем-турнири, Марија Шарапова реши да ја заврши тениската кариера на 32 години.

Во популарен магазин Шарапова кажа дека заминува во пензија поради силни болки и големи проблеми со рамото.

Русинката го освои Вимблдон во 2004 година, кога имаше само 17 години, а освојување на сите четири гренслем-турнири го комплетираше во 2012 година кога го освои Ролан Гарос.

Шарапова беше суспендирана во 2016 година поради допинг на Австралијан опен, а по завршување на 15-месечната забраната таа се обиде да се врати, но ја спречија проблемите.

Во текот на кариерата заработи повеќе од 40 милиони долари од турнири, а има и сребрен медал од Олимписките игри во Лондон во 2012 година.