„Руни мора да одмора“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо смета дека на Вејн Руни му е потребен одмор.

Мурињо го изостави Руни од списокот на патници за Ротердам, каде што Јунајтед ќе го одигра мечот од првото коло од Европската лига против Фејенорд. Португалецот се одлучи да го остави Руни дома, и подоцна да ја образложи одлуката со зборовите дека на Руни му е потребен одмор.

„Руни играше секој натпревар од почеток на сезоната. Истотака играше 90 минути за Англија, а играше 90 минути. Сакам да биде свеж за новиот меч во Премиер лигата“, рече Мурињо.

Руни постигна само еден гол во пет натпревари во овсаа сезона, а неместо него шанса ќе добие младиот Маркус Рашфорд.