Сензација на Вимблдон – Квери го испрати Ѓоковиќ дома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сем Квери приреди големо изненадување во третото коло на Вимблдон со тоа што го елиминира Новак Ѓоковиќ.

Квери и Ѓоковиќ вчера го почнаа натпреварот, но поради дожд три пати натпреварот беше прекинат. Конечно денес се заврши борбата.

Американецот првиот сет го доби во тај брејк, во вториот сет пад на Ѓоковиќ и 1:6.

Квери беше на чекор од сензација, но еден ден подоцна Новак ја презеде иницијативата. Ѓоковиќ покажа зошто е најдобар и го освои третиот сет со 6:3.

Четвртиот сет донесе драма, се играше тај брејк, а се стигна до резултат 5:5. И Квери конечно стигна до голема победа.