Јувентус ги прати играчи на ЕП, од УЕФА добија 3,5 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот клуб Јувентус доби 3,5 милиони евра поради тоа што ги пушти своите играчи да играат во квалификациите и самото европско првенство во Франција минатото лето.

УЕФА одвои повеќе од 150 милиони евра, а средствата беа поделени помеѓу 641 клуб од 54 земји.

Ливерпул и Тотенхем заработија нешто повеќе од 3 милиони, Реал кој ги испрати Роналдо и Пепе заработи 2.5 милиони.

Англиските клубови добија нешто повеќе од 38 милиони евра.

УЕФА соопшти дека за ЕП 2020 има планира да исплати околу 200 милиони евра.