„Се чувствувам како да победив“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Дукати, Лоренцо изјави дека за него големо изненадување е тоа што во 4-та трка стигнал до подиумот.

Тој стигна до 3-то место на ГН Шпанија, зад Педроса и Маркез.

Лоренцо премина од Јамаха во Дукати, а пред трката на патеката на која има победено 5 пати, сега освои 12 бодови.

Во неделата возеше добра трка, иако не успеа да се приклучи во борба за самиот врв.

„Се чувствувам како да победив. Тоа што се пласирав на подиумот на Дукати, посебно тежок мотор, ме прави многу горд и среќен.“

Натпреварувањето продолжува со ГН на Франција во Ле Ман на 21 мај.