Официјално: Спироски во Ференцварош, Марковиќ во Вардар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Она што се најавуваше во последните неколку денови, доби и официјална потврда.

Стефан Спировски ги напушти редовите на Вардар и се пресели во унгарскиот Ференцварош, додека пак како негова замена во Скопје доаѓа Вања Марковиќ од редовите на Корона Киелце.

Спировски со тимот од Будимптешта потпиша двегодишен договор и ќе ја зголеми македонската колонија во унгарското првенство. Таму уште настапуваат и Кире Ристевски, Виктор Ангелов и Ремзафаик Селмани.

Како негова замена во Вардар дојде 23 годишниот Вања Марковиќ кој со „црвено црните“ потпиша двегодишен договор.

„Уште пред да дојдам знаев дека Вардар е голем клуб и дека во последните пет години, четири пати ја освои шампионската титула. Тимот редовно во квалификациите за Лигата на шампионите, и ова за мене беше понуда која не се одбива. Клубот има голема историја, и можам да кажам дека на Балканот е еден од најголемите клубови“ -изјави Марковиќ по потпишувањето на договорот.

По Немања Марковиќ во Вардар се очекува да пристигне уште едно засилување во пресрет на настапите на клубов во Лигата на Европа.