Сити славеше убедливо, Шахтар изненади против Наполи!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Сити беше убедлив денеска против Фејнорд, победата ја осигурија уште во првите 25 минути.

2 минути му беа потребни на Силва да му асистира на Стоунс за погодок, а потоа во 10тата Агуеро погоди за 0:2. Веќе во 25 тата кога Габриел Хесус ја затресе мрежата на тимот од Холандија беше јасно кому ќе припаднат трите бода вечерва.

Во вториот дел, Стоунс повторно стрелаше во 63тата минута и го донесе конечниот резултат. Фејнорд нула, Манчестер Сити четири.

Шахтар вечерва исто така изненади со победата над Наполи од 2:1. Тајсон поведе во 15тата минута за 1:0, резултат кој ги одведе играчите на пауза. Водството го зголеми Фереира во 57мата, а во 72ра минута Милк погоди со удар од белата точка за да го намали водството на Шахтар на 2:1.