Кутињо замина од Ливерпул, а што ќе се случува со Салах?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул поминува низ тежок период по заминувањето на Кутињо во Барселона, но доколку Салах и другите соиграчи играат добро, тогаш неговото заминување нема ниту да се почуствува.

Салах како Кутињо поради повреда не играше на последните два натпревари, со Барнли и Евертон во ФА купот, но по се изгледа дека ќе биде подготвен за натпреварот против Манчестер Сити.

Салах по неколку денови одмор поради повреда, започна нормално да тренира со остатокот на тимот на мини турнејата во Дубаи.

Исто така, пристигнуваат информации дека Морено ќе биде во конкуренција за натпреварот против Сити додека не се знае дали ќе игра Хендерсон.

Се очекува Ван Дајк да дебитира во ПЛ во новиот дрес, а тоа се најдобри вести за Ливерпул пред натпреварот против Сити кој се игра во недела од 17:00 часот.