Челси го прегази Њукасл за осмина-финале во ФА купот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот англиски шампион, Челси денес рутински го победи Њукасл со 3-0 на домашен терен и се пласираше во осмина-финале на ФА купот.

Тренерот на тимот од „Стемфорд Бриџ“, Антонио Конте играше со експериментален состав, а тоа му донесе добар резултат.

Се започна во 31 минута кога Белгиецот Батсуаи постигна гол за 1-0, а 13 минути подоцна, истиот играч ја зголеми предноста за својот тим.

Во вториот дел Челси играше помирно, а успеа да постигне и уште еден гол до крајот, а стрелец на убавиот гол беше Маркус Алонсо од слободен удар.

Конте до крајот на средбата шанса за игра им даде и на младите играчи, но тоа не се почуствува на играта на неговата екипа, која мирно го заврши мечот.