Зверев: Мислев дека Ѓоковиќ е подобар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот тенисер Александар Зверев изјави дека е изненаден што Ѓоковиќ изгуби во раната фаза од турнирот Индиан Велс.

„ Тренирав со него и навистина мислев дека повторно игра неверојатно. Играше многу добро на тренинзите. Можеби не е изненадување што рано изгуби во Индиан Велс, бидејќи дојде три недели после операција. Овде сум малку изненаден бидејќи лично мислев дека игра многу добро и дека може далеку да стигне. Сепак, ќе морате него да го прашате што мисли“ изјави Зверев.

Новак Ѓоковиќ на изненадување на сите беше поразен од францускиот тенисер Бено Пар во второто коло од АТП турнирот во Мајами.