Рома ја урна Барселона за пласман во полуфиналето на ЛШ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рома успеа да ја победи Барселона со 3-0 на „Олимпико“ и тоа и беше доволно за да се пласира понатаму.

Првиот гол падна во шестата минута, кога Џеко беше подобар од противничките дефанзивци и топката ја смести во голот на гостите.

Вториот гол го постигна Де Роси од пенал, а конечниот резултат го постави Гркот Манолас, кој ја запали публиката на стадионот, а вечерва дефинитивно Рим нема да спие и ќе ја слави големата победа.