Лоши вести за Баерн: Еден од најдобрите фудбалери ја заврши сезоната


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Баерн Минхен, Артуро Видал, ја заврши сезоната, откако по операцијата на коленото ќе мора да паузира неколку недели.

Како што соопштија од клубот, Чилеанецот морал да прави операција поради повредата на тренинг минатата недела.

Баерн ја осигура титулата во Германија, а до крајот ќе игра и финале во германскиот куп, а исто така, ќе се соочат со Реал Мадрид во борба за финале во Лигата на шампиони.