Погба: Немам никакви проблеми со Мурињо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пол Погба не може да ги чита повеќе шпекулациите за проблемите кои ги има со Мурињо, па уште еднаш кажа дека нема никакви проблеми со тренерот.

Францускиот фудбалер, според медиумите, е во проблеми со Мурињо, но според Погба, такво нешто не постои.

„Во моментов сум во Манчестер јунајтед, а размислувам за сегашноста. Нема потреба да размислувам однапред. Мојата глава не е полна со трансфер шпекулации. Јас немам никакви проблеми со Мурињо“, вели Погба.